ПОВЕЌЕ

    Во Црна Гора за Македонците летување без ПЦР или антигенски тест

    Време зa читање: 3 минути

    Македонските туристи кои ќе се определат годинава да летуваат во Црна Гора не треба да приложат ПЦР тест ниту антигенски тест, а во случај некој да заболи од Ковид 19 во таа земја, црногорската држава го презема целосното болничко лекување.

    Менаџерот на Националната туристичка организација Лилјана Чукиќ ја претстави актуелната туристичката понуда на Црна Гора како безбедна летна дестинација. Таа ја промовираше богатата туристичката понуда, како и кампањата „Заедно со природата“, која има за цел да го прикаже исклучителното природно и културно наследство на Црна Гора. При тоа изрази здоволство од, како што истакна, големиот интерес на македонските граѓани за летување на црногорската ривиера.

    – Црна Гора како мала дестинација е препознаена не само во регионот туку и на европско и светско ниво како омилена дестинација. Препорачана е како една од седумте земји кои треба да се посетат оваа година, а Светскиот сојуз за туризам и патувања ја препорача Црна Гора како сигурна дестинација на глобално ниво. Гостите од Македонија кои ќе дојдат во Црна Гора ќе се чувствуваат безбедно. Туристичките работници се потрудија да се испочитуваат сите здравствено – хигиенски услови. На плажите на лежалките се на дистанца од два метра, а дезинфекција се врши после секој гостин, вели Чукиќ.

    Туристичките организации од Тиват и Будва најавуваат подобрена туристичка понуда и цени на нивото од 2019 година. Во зависност од тоа дали се работи за приватно сместување или хотелски престој цените се движат почнувајќи од шест евра за кревет, односно од 25 евра за соба во хотели со три ѕвезди.

    – Годинава Туристичката организација на Тиват подготви кампања „Одмарајте во Тиват“ која нуди можност за резервирање на сметување по поволни цени во апартманите и до 15 јуни цените се од 20 до 25 евра по ден, а од 16 јуни цените варираат од 20 до 60 ева. Ако некој се одлучи да резвира приватно сместување надвор од кампањата цените се движат од 10 евра па нагоре што е диктирано од категоријата на објектот и неговата одалеченост од морето, вели Магдалена Тујковиќ

    Ивана Ребиќ од Туристичката организација на општина Будва вели Будва е сигурна дестинација, бројот на вакцинирани граѓани е преку 30 проценти, а епидемиолошката состојба е стабилна.

    – Во Будва сезоната веќе започна, плажите се подготвени, а се подготвуваат и концерти и мали манифестации. Засега собирите кај нас се до 50 луѓе. Се надеваме дека ситуацијата до главната туристичка сезона ќе биде подобра и поповолна и дека повторно ќе може да уживаме на концертите пред стариот град на Будва, по што меѓу другото сме и препознаени, вели Ребиќ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично