ПОВЕЌЕ

    Во акции и во пари акционерите на ТТК банка ќе поделат дивиденда од 1,7 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    За успешното работење во 2023 година акционерите на ТТК банка ќе поделат дивиденда во бруто-износ од 104.283.288 денари или речиси 1,7 милиони евра. Исплатата ќе се реализира – дел во акции преку издавање емисија по пат на приватна понуда наменета за акционерите, дел во пари. Ова е предлог кој акционерите треба да го одобрат на Собранието закажано за 29 март.

    Висината на бруто-дивидендата по акција ќе изнесува 108 денари. Тоа е 10,8 отсто од номиналната вредност од 1.000 денари. Соодносот е 76 денари бруто-дивиденда во акции и 32 денари бруто-дивиденда во пари, кои ќе бидат уплатени на на платежните сметки на акционерите.

    Инаку, датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери со право на

    дивиденда за 2023 година е 27 март. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 25 март, а прв ден на тргување без тоа право е 26 март.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично