ПОВЕЌЕ

    „Вкусовите на праските Балкан“ – кампања за зголемување на трговската размена во регионот

    Време зa читање: 2 минути

    Како дел од кампањата „Вкусовите на праските Балкан“ (Peach Flavors Balkan), финансирана од Европска унија се одржа ексклузивен деловен настан во чии рамки се реализираше презентација на европски конзервирани праски и кулинарско шоу со дегустација на две јадења во кои беше употребен тој продукт.

    Присутните од ХоРеКа секторот, увозници и дистрибутери имаа можност да слушнат детали за специфичните својства и предности на европските конзервирани праски, но и да разговараат за можностите за понатамошна соработка. Воедно, ја проследија и презентацијата за нутриционистичката вредност на праските од нутриционистот Надица Илиевска, како и кулинарското шоу на готвачот Елефтериос Далајоргос.

    Свои обраќања имаа Василис Кацарас како претставник на грчката амбасада од секторот за комерција и економија и Константинос Апостолу, претседател на Делкоф С.А. – грчка асоцијација за индустрија на конзервирано овошје.

    „Делкоф, како мрежа на индустријата за конзервирање, работи во насока на претставување на квалитетните европски конзервирани производи пред светот, а наша примарна интенција е зголемување на обемот на трговска размена на продукти. По серијата реализирани средби, верувам дека во претстојниот период ќе оствариме голем број плодни соработки во Северна Македонија“, претседателот на Делкоф.

    „Вкусовите на праските Балкан“ е кампања која се реализира по иницијатива на Делкоф С.А., со цел промовирање на висококвалитетните европски конзервирани праски, произведени по највисоки стандарди за безбедност на храната.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично