ПОВЕЌЕ

    Вo банкомати поставена технологија за препознавање на лица

    Време зa читање: 2 минути

    Сингапурската банка OCBC инсталира технологија за препознавање лице на осум свои банкомати, така што граѓаните можат да го проверат салдото на сметката без картички.

    Сепак, корисниците нема да можат да подигаат готовина на овој начин, барем додека не се утврди колку е безбеден овој начин на функционирање на банкоматите. Ако се покаже дека е, ќе се додаде и таа функција.

    Споменатата банка ја користи сингапурската идентификациска инфраструктура „SingPass Face Verification“ со цел да ги спореди лицата на корисниците со тие слики од нивните биометриски документи и на тој начин да ги провери.

    Ова, сепак, не е прв ваков случај во светот. Во Кина, слична технологија се користи од 2015 година, а шпанската CaixaBank ја користи од 2019 година.

    Експертите велат дека ваквите технологии сè уште носат со себе одредени безбедносни предизвици кои треба да се решат, но дека тие се наоѓаат во оваа ситуација, кога вирусот може да се пренесе рачно, и повеќе од корисно, бидејќи помагаат да се избегнат ризични контакти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично