ПОВЕЌЕ

    УЈП со предупредување за 3.408 обврзници: Веднаш платете данок и избегнете присилна наплата!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници, кои во законскиот рок не ги платиле обврските по годишната пријава за данокот за личен доход, тоа да го сторат веднаш.

    Според евиденцијата на УЈП, 3.408 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход, утврдена во годишната даночна пријава за 2022, а година што требаше да се регулира до 30 јуни годинава. Од Управата најавуваат дека преминуваат кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови, што ќе доведе до дополнителни трошоци за даночните обврзници. Тука се посочува каматата за задоцнето плаќање од 0,03 проценти дневно и еднократната посебна такса во постапката на присилна наплата.

    ОД УЈП ги поттикнуваат даночните обврзници со даночен долг над 10.000 денари, кои имаат тешкотии во обезбедувањето тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично