ПОВЕЌЕ

    УЈП: Рокот за поднесување даночни пријави ДДВ-04 продолжен до 28 април

    Време зa читање: < 1 минутa

    Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за три работни дена. Крајниот рок за поднесување на овие даночни пријави за даночните периоди од 01.01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25 ќе се смета 28 април.

    Поместувањето на терминот е направено поради повеќето неработни денови во текот на овој месец. Според објаснувањето од УЈП, рокот е продолжен согласно Законот за даночна постапка, а со цел да се одбегне евентуалното отежнато поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично