ПОВЕЌЕ

    „УБИЕЦОТ НА ТВИТЕР“ ЗАГУБИ ПОЛОВИНА ОД КОРИСНИЦИТЕ: Еве како бил создаден Threads и што кажува Цукерберг за бројките

    Време зa читање: 4 минути

    Апликацијата на Мета, фирмата зад Фејсбук и Инстаграм, Threads изгледа ќе мора добро да се помачи ако некогаш сака да ја преземе круната за микроблогирање од Twitter, кој моментално се ребрендира во X. Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг минатата недела им соопшти на вработените дека и покрај импресивниот почеток на новата социјална мрежа, кога околу 100 милиони луѓе активираа сметка на Threads во првите пет дена од достапноста, повеќе од половина од тие корисници сега веќе престанаа да се најавуваат на своите профили.

    Threads имаше фантастичен старт поради две главни причини. Прво, имаше многу фама околу апликацијата непосредно пред лансирањето. Ова создаде високо ниво на очекувања кај корисниците на Твитер кои не беа задоволни од начинот на кој Елон Маск ја мешаше платформата откако ја купи компанијата за 44 милијарди долари во октомври 2022 година.

    И второ, Threads има цврста интеграција со Instagram – уште една апликација Мета со повеќе од милијарда корисници – што им олеснува на луѓето да поставуваат сметка на Threads, да добиваат следбеници и да најдат други сметки за следење.

    Не е тајна дека Threads има неверојатна сличност со Твитер при лансирањето, навистина, адвокат кој дејствуваше во име на бизнисот на Маск се закани дека ќе ја тужи Мета за создавање на производ „copycat“. Но, на почетокот, Threads беше прилично голи, без голем број карактеристики што би очекувале да ги видите со таква апликација. Меѓутоа, оттогаш, неговиот тим за развој работи на подобрување на употребливоста на Threads. Минатата недела, на пример, додаде извор за следење што прикажува објави само од луѓе што ги следите, нудејќи им на корисниците уште една опција покрај постојниот алгоритамски извор.

    Дека позадината на новата мрежа на Мета сепак е да се уништи противникот, односно Твитер, сегашен Икс, покажа интервјуто со шефот на Инстаграм, Адам Мосери, во кое тој ја открива приказната зад тоа како е создаден потенцијалниот „убиец на Твитер“.

    Мосери ја раскажа The Washington Post приказната зад раѓањето на Threads, апликација за микро-блогирање поврзана со Instagram. Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, имаше клучна улога во раѓањето на новата апликација.

    Според извештајот на Вашингтон пост, првичната идеја била да се вградат неколку функции слични на Твитер во Инстаграм. Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг и другите директори бараа начини да ги привлечат креаторите на Твитер на Инстаграм. Сепак, Цукерберг имал нешто повеќе во својот ум. Тој му рече на Мосери: „А, што ќе се случи ако решиме да бидеме поголеми?“.

    Мосери во тој момент бил на одмор со сопругата во Италија, кога Цукерберг му се јавил. Зборувал на телефон тивко за да не ја разбуди сопругата. Во разговорот помеѓу нив двајца, доцна во ноќта по локално време, Цукерберг го охрабрил Мосери да се оди „на големо“, односно да се создаде сосем нова мрежа.

    Разговорот помеѓу двата технолошки гиганти се покажа како пресвртница, оставајќи му на Мосери чувство на итност и мандат да изгради сосема нова апликација која би можела директно да се натпреварува со Твитер. Размислувајќи за повикот, Мосери ги раскажа своите мисли во тоа време, велејќи: „О Боже, мораме ова добро да го размислиме, бидејќи [Закерберг е] многу возбуден поради ова“. Тој додаде: „Ептен можеше да се насети дека загризал за идејава“.

    Адам Мосери тогаш составил мал, инженерски тим од околу 60 врвни специјалисти. Овој тим имаше задача да изгради целосно нова апликација во рок од неколку месеци. Мосери тврдеше дека се чувствува повеќе како старт-ап отколку како основана технолошка компанија. Threads го имаше своето деби претходно овој месец и за само пет дена привлече повеќе од 100 милиони корисници. Сепак, апликацијата не успеа да го одржи тој моментум, губејќи до 70 проценти од дневните активни корисници од нејзиниот врв.

    Мосери за Вашингтон Пост исто така откри дека Threads наскоро ќе воведе функција за директни пораки (DM) на платформата. Признавајќи ги недостатоците на апликацијата, Мосери рече: „Многу такви основи навистина треба да се поправат – и тоа многу брзо да се поправат“.

    Досега, во однос на списокот со функции, Threads најмногу се обидува да игра со Twitter. Една од новите функции вклучуваше опција за заследување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично