ПОВЕЌЕ

    Twitter ќе им дозволи на вработените да работат од дома дури и кога ќе престане пандемијата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Твитер објави дека ќе им овозможи на некои вработени да работат од дома, затоа што епидемијата на вирусот корона ги принудува компаниите да направат измени во канцелариите ширум светот, пренесува Ројтерс.

    Компанијата во вторникот објави дека е прва голема технолошка компанија која им овозможува на вработените да работат постојано од дома, дури и откако ќе престане пандемијата.

    Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, испрати известување до вработените дека оние чии позиции тоа го дозволуваат, можат да продолжат да работат од дома дури и кога ќе се отворат канцелариите.

    „Ние бевме една од првите компании што се префрливме на моделот на работа од дома. Ние и понатаму ќе го сториме тоа и ќе продолжиме да ја ставаме безбедноста на нашите луѓе и заедниците во прв план,” изјави портпаролот на Твитер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично