ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка успешно ја стартува годинава: Добивката е 12,2 милиони денари

    Време зa читање: 5 минути

    Во тековната економска клима и предизвикувачките пазарни услови, ТТК Банка АД Скопје успеа да постигне забележителни резултати, што повторно ја одразува одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето, како во редовни така и во вонредни услови.

    Во периодот од 1.1.2021 до 31.3.2021 година, ТТК Банка АД Скопје, приспособувајќи го своето работење на специфичните економски и пазарни услови предизвикани од пандемијата од вирусот COVID-19, постигна ефикасна реализација на приоритетните цели и задачи во согласност со Деловната политика и со финансискиот план на Банката за 2021 година.

    Преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 37,3 милиони денари, како резултат на остварени оперативни приходи во износ од 122,2 милиони денари и оперативни трошоци во износ од 84,9 милиони денари. Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 25,1 милиони денари.

    Финансискиот резултат за периодот јануари – март 2021 година изнесува 12,2 милиони денари, што е за два и пол пати повисок во однос на истиот период минатата година и е резултат најмногу на ефектите од редовните приходи на Банката. Oстварениот позитивен финансиски резултат во првиот квартал од 2021 година е со квалитет што ја зацврстува стабилностa на Банката и перспективата за здрав раст во наредниот период.

    • Известување за промени во сметководствените политики и методите на вреднување

    Заклучно со 31.3.2021 година, нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување.

    • Финансиски остварувања на Банката

    Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нетоприходи од камати во периодот од 1.1.2021 до 31.3.2021 година изнесуваат 64,5 милиони денари и бележат пад од 2,5 % во однос на истиот период минатата година. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 100,3 % од Буџетот.

    Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 46,1 милиони денари и се зголемени за 38,6 % во однос на минатата година. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има зголемениот обем на трансакции во платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство.

    Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 105,7 % од планираните за овој период. Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 2,4 милиони денари и бележат раст од 6,4 %. Во однос на планот се остварени со 102,7 %.

    Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 8,8 милиони денари и се остварени со 97,6 % од планираните за овој период.

    Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 84,9 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 4,6 %, како резултат во најголем дел од повисоки материјални трошоци и административни трошоци. Планот е остварен со 98,6 %.

    Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 25,1 милиони денари или 21,3 % повеќе во однос на истиот период претходната година и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката. Во првиот квартал од 2021 година нема прокнижено загуба поради оштетување на нефинансиските средства.

    • Исплатени дивиденди

    На ден 11.3.2021 година, Банката го објави Јавниот повик за учество на Годишното собрание на акционери, коешто се одржа на 15.4.2021 година, преку писмена кореспонденција, во согласност со Законот за трговски друштва. На седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје беше донесена Одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 2020 година со која износот од 81.709.920 денари oстанува како задржана добивка расположлива за распределба на акционерите, до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплата на дивиденда: (1) со престанок на важност на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките бр. 02-15//III6/2021 од 26.2.2021 година („Сл. весник на РСМ“ бр. 47/26.2.2021) или (2) со донесување решение, одлука или друг акт на надлежен орган со кој за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда. На денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда на еден од начините предвидени во претходниот став, задржаната добивка расположлива за распределба на акционерите во износ од 81.709.920 денари ќе се распредели како дивиденда за обични акции.

    • Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 % од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

    Материјалните средства (недвижности, постројки и опрема) се пониски за 5,3 % во однос на 31.12.2020 година, што главно се должи на амортизацијата на основните средства.

    • Промени во кредитни задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

    Обврските по кредити во однос на декември 2020 година бележат намалување за 35,5 % главно како резултат на вратени краткорочни позајмици од пазар на пари и отплата на обврските по кредити.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично