ПОВЕЌЕ

    Тони Стојановски избран за претседател на Одборот на директори на Македонската берза

    Време зa читање: < 1 минутa

    Македонската берза информира дека денеска се одржа конститутивна седница на Одборот на директори на берзата избран од страна на Собранието на акционери на Берзата што се одржа на 29.05.2020 година.

    „Согласно собраниската одлука за избор на членови на Одборот на директори на берзата сите досегашни членови на Одборот продолжија да ја извршуваат оваа функција и во новиот мандат во времетраење од четири години.

    На конститутивната седница за претседател на Одборот во овој мандат е избран Тони Стојановски.

    Согласно наведеното Одборот на директори на берзата е со следниот состав: Тони Стојановски – претседател, Коста Костовски, Петар Трпески, Михајло Брова Зиков, Иван Штериев, Билјана Цветковска, Горан Анастасовски – независен и Иван Мишев – независен член“, соопшти берзата.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично