ПОВЕЌЕ

    СвисЧам МК: Современа логистика за посилен извоз на македонските компании

    Време зa читање: 3 минути

    Логистиката претставува клучна алатка за зголемување на извозната конкурентност на македонските компании, особено кога станува збор за транспорт на температурно чувствителни производи. На оваа тема беше посветен Reefer Master Class-от „Најнови трендови и практики во фриго логистиката“, што го организираа Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам МК и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), со поддршка од MSC Македонија.

    Настанот обедини претставници на извозно ориентирани компании, логистички експерти и институции, со цел размена на практични знаења за оптимизација на логистичките процеси, управување со ризици и зголемување на ефикасноста во синџирите на снабдување. Во фокусот беа современите решенија за транспорт на производи чувствителни на температура, како и улогата на глобалните логистички системи во отворање нови пазари.

    Во воведните обраќања беше потенцирано значењето на логистиката како двигател на конкурентноста.

    „Логистиката денес не е само поддршка на бизнисот, таа е стратешка предност. Идејата зад соработката меѓу СвисЧам МК и MSC е преку едукација и размена на знаење е да им се помогне на компаниите кои извезуваат, но и на оние кои планираат да извезуваат да ги намалат трошоците и да обезбедат сигурност во испораките, особено кога станува збор за производи кои се чувствителни на температурни промени при транспортот. СвисЧам МК голем дел од своето работење ќе го посвети токму на поттикнување и засилување на извозната ориентација на компаниите“, истакна Сања Радовановиќ, извршна директорка на MSC Македонија и заменик претседателка на СвисЧам МК.

    Поддршката за ваквите иницијативи беше нагласена и од швајцарската дипломатија.

    „СвисЧам МК, претставува значајна платформа за градење партнерства и отворање нови можности за трговија преку синергија со програмите поддржани од Швајцарската амбасада, како што е Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, кои придонесуваат за зголемување на конкурентноста“, посочи Михал Харари, заменик шеф на мисија во Амбасадата на Швајцарија.

    Стручниот дел од настанот беше посветен на практичните аспекти на фриго логистиката.

    „Клучот за успешен извоз на температурно чувствителни производи е постојаноста на температурата и влажноста на воздухот при транспортот, каде и мали отстапувања можат да доведат до значителни загуби кај компаниите. Правилното управување со ладилните контејнери и мониторингот во реално време, се само дел од современите решенија. За клиентите овој пристап значи зголемена ефикасност и отчетност за климатски одржливи решенија во еден сегмент од ланецот на снабдување“, нагласи Љиљана Лукиќ, логистички експерт од MSC Србија.

    Дополнително, беа презентирани и дигитални решенија за следење на извозните постапки, како и улогата на царинските служби во забрзување на трговските текови преку поедноставување на процедурите и намалување на административните бариери.

    Настанот се одржа во Гевгелија, со цел да се доближи до компаниите од јужниот регион, кој е значаен производствен центар, особено во агросекторот и преработката на овошје и зеленчук. Присутните оценија дека пристапот до знаење и современи практики е клучен за зголемување на извозниот потенцијал и долгорочната конкурентност на домашните компании.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично