ПОВЕЌЕ

    Судот ја блокираше забраната на Трамп за Тик Tок 

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американскиот суд привремено ја блокираше забраната за преземање на апликации на Тик Ток која ја иницираше претседателот Доналд Трамп.

    Американската влада планираше да ги принуди продавниците за апликации управувани од Епл и Гугл да го отстранат Тик Ток.

    Но, по сослушувањето во неделата, судијата Карл Николс од Окружниот суд на Соединетите држави во округот Колумбија пресуди против наредбата.

    Судијата, сепак, не ја блокираше многу пошироката забрана што треба да стапи на сила на 12 ноември во САД, што може да го направи Тик Ток неупотреблив.

    Тик Ток во изјавата рече: „Среќни сме што судот се согласи со нашите правни аргументи и спречи забрана за апликацијата Тик Ток. Ние ќе продолжиме да ги браниме нашите права во корист на нашата заедница и вработените “.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично