Од вршител на должност член во Управниот одбор Борислав Атанасовски ќе се врати на претходната позиција во Надзорниот одбор. А, Гордана Балтовска повеќе не членува во Управниот одбор.
Даниела Ѓоршевска именувана за член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола
За овие измени во органите на управување од битолската Стопанска банка известија преку Македонска берза:
„Стопанска банка а.д. Битола известува дека поради комплетирање на целосен состав на Управниот Одбор, м-р Борислав Атанасовски не е повеќе вршител на должност – член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола и повторно се враќа во редовите на членовите на Надзорниот одбор на Банката.
Истовремено, известуваме дека д-р Гордана Балтовска повеќе не ја извршува функцијата член на Управен одбор“.
Според податоците објавени на нивната веб-страница, во Управниот одбор сега се Александра Радевска и Даниела Ѓоршевска. А, Надзорниот одбор е во состав: Гордана Гацева, Стевчо Јолакоски, Антони Пешев, Игор Камбовски и Борислав Атанасовски.