ПОВЕЌЕ

    Статистиката изброила 112.227 невработени, Агенцијата нуди 9.236 работни места

    Време зa читање: 2 минути

    Од 802.280 активни лица во државата, работно место имаат 690.053, додека без работа се 112.227 македонски граѓани. Ваква била состојбата во последното тримесечје од изминатата 2022 година, а податоците денес ги објави Државниот завод за статистика.

    Исто така статистиката покажува дека во тој период стапката на активност е 54.9, на вработеност 47.2, а стапката на невработеност изнесува 14.0.

    На страницата, пак, на Агенцијата за вработување, за барателите на работа се нудат 9.236 работни позиции, со плати од 18.000 колку што досега изнесуваше минималецот, па и над тој износ. Тие што реално бараат работа, или „активно“ како што наведуваат од Агенцијата, имаат обврска да се пријавуваат еднаш во месецот, односно секои 30 дена.

    За понеделник е закажан Економско-социјалниот совет, кога ќе се одлучува за висината на минималната плата. Како што беше претходно најавено, со зголемувањето треба да го надмине прагот од 20 илјадарки, конкретно, да дојде на 20.200 денари . Како што изјави за МИА министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, новиот износ ќе влезе во пресметките на работодавачите за мартовските плати што ќе треба да им ги исплатат на своите вработени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично