„Шпаркирај нов автомобил!“ – Нова голема наградна игра на Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Mastercard

Датум на објава: 15.09.2020

Време зa читање: 2 минути

Од денес 15.09.2020 година започнува новата голема наградна игра „Шпаркирај нов автомобил“ наменета за корисниците на Mastercard картичките издадени од Шпаркасе Банка Македонија, кои со секоја трансакција на износ поголем или еднаков на 500,00 денари имаат можност да освојат некоја од вредните награди:

– Главна награда автомобил Citroen New C3

– 2 x MacBook Air

– 2 x iPhone 11

Во наградната игра, која ќе трае од 15.09.2020 година до 15.11.2020 година, право на учество имаат сите полнолетни лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на картички од брендот Mastercard и Maestro, издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Со секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари, направена на продажните места и е-commerce трансакции (плаќања на интернет) во земјата и надвор од неа, корисниците на картичките Mastercard Debit и Maestro добиваат по ЕДНА шанса за учество, додека корисниците на кредитните картички Mastercard Standard и Mastercard Gold добиваат ДВОЈНА  шанса за учество.

Прочитајте и ...  Марк Цукерберг: Овие мисли го менуваат светот

Официјалното извлекување на добитниците на наградите ќе се изврши на 20.11.2020 година, со почеток во 12 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, на ул. Македонија број 34, Скопје. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со специјален софтвер развиен за потребите на наградната игра.

Повеќе информации за наградите како и за условите за учество во наградната игра „Шпаркирај нов автомобил“ може да се најдат на веб-страницата на Банката на следниот линк или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02 3 200 600.


Тагови: Mastercard, Мастеркард, наградна игра, Шпаркасе банка АД Скопје, Шпаркирај нов автомобил,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: