ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка со известување за ажурирање на податоци на клиенти, физички и правни лица

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе Банка Македонија во согласност со важечката законска регулатива ги повикува своите клиенти, физички и правни лица, кои имаат сметки во Банката и кои од 01.04.2020 година не направиле ажурирање на податоците, најдоцна до 31.03.2021 година да ги ажурираат истите во најблиската експозитура. По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива, се до моментот на ажурирање на податоците на клиентот во Банката.

    Ажурирањето на податоците се врши со пополнување на Апликација за регистрирање на клиент. За потврдување на идентитетот, клиентот, физичко или правно лице, треба да носи валидни документи за идентификација (важечка лична карта или пасош за резиденти физички лица, пасош за нерезиденти физички лица, тековна состојба не постара од 1 месец за правни лица), како и соодветна документација за утврдување на вистинскиот сопственик за правни лица.

    Ажурирањето на податоците е во интерес на клиентите, бидејќи Банката ќе биде во можност да донесе издржана одлука базирана на валидни информации по однос на барањата на клиентите. Исто така, Банката ќе може навремено и на точни адресни податоци да ги испраќа месечните извештаи, соопштенија и дополнителни материјали со кои се олеснува соработката меѓу клиентите и Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично