ПОВЕЌЕ

    Совети за успех на милјардерот Марк Кубан кој беше на работ на егзистенција

    Време зa читање: 2 минути

    Пред да стане милијардер, Марк Кубан се бореше 20 години. Буквално врзуваше крај со крај, имаше долгови со кредитни картички и работеше дополнително за да преживее.

    Така беше сè до моментот кога го продаде својот стартап „MicroSolutions“ во 1990 година, за 6 милиони долари. Конечно застана на нозе и денес е еден од најуспешните луѓе во светот. Бидејќи тој не е роден богат, ниту наследил нешто, советите на Кубан за парите и успехот имаат уште поголема тежина. Сега тој е еден од најуспешните луѓе во светот. Еве ги неговите 3 совети за успех

    Не акумулирајте долг на кредитна картичка

    Во ред е да користите заем за да купите куќа – ратите за хипотека се тогаш ниски и куќите можат да имаат поголема вредност, но вие не сакате да имате кредитна картичка што не може да си ја дозволите и да плаќате секој месец – вели Кубан. Неговата позиција е дека „најлошата инвестиција во светот е каматата на кредитна картичка“.

    Не купувајте работи што не можете да си ги дозволите

    Обидете се да живеете како студент. Ова значи избегнување на прекумерно трошење и трошење на работи без кои можете да живеете. Колку повеќе пари можете да ставите во банка, толку ќе бидете подобро ако работите тргнат наопаку, вели Кубан. Идејата за живот како студент ја научил од книгата „Cashing in on the American Dream: How to Retire at 35“. Тој вели дека книгата го мотивирала да штеди и да биде дисциплиниран.

    Научете да преговарате

    Луѓето не ја разбираат моќта на преговорите – верува овој милијардер и додава дека готовината може да биде моќно средство за преговори. Тој вели дека се држел до тоа правило кога немал ни цент, но дека тоа не го прави сега затоа што луѓето знаат кој е и колку има. Сепак, тој вели дека луѓето ќе земат од вас онолку колку што ќе им понудите, по принципот „подобро било што од ништо“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично