ПОВЕЌЕ

    Со годишен раст од 8,2 насто – во март просечната плата е 48.433 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Просечната нето-плата во државата во март достигна 48.433 денари, што претставува годишен раст од 8,2 насто. Спред најновите податоците на Државниот завод за статистика, месечниѕте примања продолжуваат да растат во неколку сектори, а најголем придонес за зголемувањето имаат транспортот, недвижностите и информатичко-комуникациските дејности.

    Во споредба со февруари, просечната исплатена нето-плата е повисока за 4,9 насто, додека во однос на просекот за целата 2025 година има раст од 7,2 насто.

    Најголемото годишно нагорно движење е регистрирано кај платите во секторот транспорт и складирање, каде што просекот е повисок за 15,6 насто. Следуваат дејностите поврзани со недвижен имот, каде што има раст од 12,2 наст и секторот информации и комуникации со 11,6 насто.

    И на месечно ниво најголемото зголемување е во транспортот и складирањето – 10,9 насто, додека кај недвижностите платите пораснале за 9,1 насто, а во ИТ и комуникацискиот сектор за 8,5 насто.

    Од Статистиката посочуваат дека раст бележи и реалната нето-плата, која во март е повисока за 3,1 насто во однос на истиот месец лани.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично