ПОВЕЌЕ

    Скандал тежок 288 милиони евра: Германскиот автомобилски гигант Volkswagen постигна спогодба со поранешните лидери

    Време зa читање: 2 минути

    Германскиот производител на автомобили, Фолксваген (VW), денес објави дека со поранешните лидери на компанијата, вклучувајќи го и поранешниот извршен директор Мартин Винтеркорн, постигнал спогодба од 288 милиони евра, во врска со скандалот со „dizelgejt“.

    Како резултат на спогодувањето, од програмата за осигурување од одговорност за директори и службени лица на Фолксваген, ќе бидат платени околу 270 милиони евра, вклучувајќи ја го и спогодувањето со поранешниот директор на Ауди, Руперт Штадлер.

    Спогодувањето допрва ќе биде одобрено на годишното генерално собрание на компанијата на 22 јули. На крајот на март, Фолксваген објави дека ќе побара обештетување од Винтеркорн и Стадлер за прекршување на законот бидејќи не се грижеле за акциите на корпорацијата.

    VW заклучи дека Винтеркорн ја прекршил својата должност, бидејќи не ги разјаснил целосно и брзо околностите поврзани со употребата на нелегален софтвер на некои дизел мотори кои биле продадени на северно-американскиот пазар помеѓу 2009 и 2015 година. Како дел од зделката, Винтеркорн и Стадлер ќе платат 11,2 милиони евра, односно 4,1 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично