ПОВЕЌЕ

    Силк Роуд банка нуди вработување на три позиции

    Време зa читање: 5 минути

    Силк Роуд банка АД Скопје има отворени работни позиции и нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна деловна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

    1.Банката има потреба од РЕФЕРЕНТ ЗА ДЕЛОВНИ ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ во Службата за корпоративно работење.

    Дел од работните задачи за оваа позиција се:

    Анализи и обработка на финансиските податоци за клиентите, подготовка на кредитни предлози со комплетна анализа на клиентот и нивно доставување до соодветните служби;

    Подготовка на кредитно рангирање на кредитниот ризик на клиентот во соработка со кредитните референти. Преговарање, во рамки на надлежноста, за условите за соработка со клиентите;

    Оценка на кредитни барања и креирање соодветни извештаи;

    Учество во работата на банката, во случај кога се одобруваат кредити/заеми, во согласност со ограничувањата и надлежностите, дадени во постапката за одобрување и др.

    Надзор врз зголемувањето на приходите преку растење на соработката со постојните клиенти и привлекувањето на нови клиенти;

    Следење на активностите на пазарот и конкуренцијата со цел да се најдат можности за понатамошен напредок во работењето;

    Постигнување на таргетите за пораст/продажба, приходи и задоволство на клиентите, на начин поставен од Управниот одбор на банката.

    Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

    Универзитетска диплома пожелно, по можност во банкарство, финансии или друга релевантна област;

    Посета на образовни програми, соодветни за предметното работно место;

    3 (три) години искуство пожелно, по можност во банкарство или друг финансиски сектор

    Многу добро познавање на даночниот систем, сметководството и анализа на финансиската состојба;

    Многу добро познавање на прашањата поврзани со пазарот на средства/капитал;

    Познавање на продажни техники и маркетинг;

    Познавање на MS Office;

    Многу добро познавање на англискиот јазик;

    Добро познавање на банкарските производи;

    Добри организациски и комуникациски вештини;

    Високо ниво на комуникациски вештини;

    Добри преговарачки вештини;

    Флексибилност;

    Иницијативност;

    Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на банката.

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [email protected] со задолжителна назнака за “референт за деловни односи со клиенти”, најдоцна до 31.03.2023 година.

    2.Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, Служба за мрежа на експозитури.

    Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификаци:

    Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома

    Најмалку 1 година искуство во банкарски/финансиски сектор

    Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

    Одлично познавање англиски јазик

    Добро познавање на локалниот пазар

    Добро познавање на банкарските производи

    Добри организациски и комуникациски вешти

    Можност за самостојна работа

    Флексибилност

    Дел од работните задачи се:

    Ги исполнува таргетите за пораст/продажба на портфолиото;

    Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување;

    Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи на банката кои ќе ги исполнат нивните барања;

    Ги промовира производите и услугите на банката на постоечките и потенцијалните клиенти со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на експозитурата;

    Ефикасно го врши сето готовинско и безготовинско работење;

    Го следи трезорот на експозитурата за да се осигура дека готовинскиот биланс е точен;

    Врши управување со готовина, броење и верификација на соодветната документација;

    Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување и на нови производи;

    Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити на банката;

    Врши вкрстена продажба на банкарските производи.

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [email protected] со задолжителна назнака за “Банкарски службеник во Служба за мрежа на експозитури” најдоцна до вторник, 28.03.2023 година.

    3.Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАЌАЊА (за домашен платен промет) во Служба за плаќања и кредитна администрација.

    Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

    Процесирање и плаќања согласно влезни/излезни налози;

    Вчитување, обработка и администрирање на фајлови за пензии и парични права;

    Вчитување и обработка на фајлови;

    Координира и следи соодветни активности на плаќања што се вршат во мрежата на експозитури;

    Ги извршува и архивира сите примени извршни одлуки;

    Врши блокирање и деблокирање на трансакциски сметки согласно прописите;

    Избраниот кандидат треба да поседува:

    Минимум диплома за завршено средно образование;

    Познавање на MS Office;

    Познавање на англиски јазик;

    Комуникациски вештини;

    Внимание на детали и иницијативност;

    Претходно банкарско искуство ќе се смета за предност

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [email protected] со задолжителна назнака за “референт за плаќања”, најдоцна до 31.03.2023 година.

    За сите три позиции работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

    Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично