ПОВЕЌЕ

    Силк Роуд Банка во потрага по одговорен референт за спречување перење пари

    Време зa читање: 3 минути

    СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

    Банката вработува ОДГОВОРЕН РЕФЕРЕНТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ во Служба за правни работи, усогласување со прописи, спречување перење пари и наплата на побарувања.

    Кандидатот треба да ги исполнува следните обврски:

    • Да се грижи за усогласувања со законите и прописите со кои се уредува областа на СПП / ФТ и ПСК
    • Да ги гради знаењата и вештините на вработените од областа на СПП и применува процедури за контрола на квалитетот во однос на извршената ревизорска работа.
    • Да ја развива и унапредува методологијата на работа во рамките на својата надлежност
    • Да ги поминува сите ревизии
    • Да се грижи за усогласување со внатрешната (акти, циркулари, упатствата и др.) и надворешната регулаторна рамка (НБРСМ, Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање)
    • Да ја претставува Банката пред Регулаторните органи (НБРМ, Управа за финансиско разузнавање, Финансиска полиција и комуницира со нив за прашања во негова / нејзина одговорност
    • Да се грижи за правилното спроведување на политиките и процедурите на Банката за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, коишто мора да се усогласени со политиката на Банката и локалните закони
    • Да се грижи Банката да биде сообразна со регулаторната рамка за спречувањето на перење пари и финансирање на тероризам и дава препораки до Раководството за соодветни мерки за СПП / ФТ
    • Да се грижи за доставување на навремени и прецизни извештаи до Управата за финансиско разузнавање за готовински трансакции над законските граници, сомнителни трансакции, заеми, кредити исплатени над законските граници, ад хок извештаи за СПП, ад хок истраги и други активности пропишани со правната рамка

    Кандидатите треба да ги исполнуват следните квалификации:

    • Универзитетска диплома во областа на економијата
    • Минимум 3 години искуство во областа на спречување перење пари
    • Сетификат ЦАМС СПП / ФТ издаден од АЦАМС (Здружение на овластени специјалисти за спречување перење пари) ќе се смета за предност
    • Знаење од областа на банкарството
    • Одлично познавање на англиски јазик
    • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel)

    Избраниот кандидат треба да поседува:

    • Соодветни стручни и лични особини
    • Одлични аналитички вештини
    • Одлични организациони вештини
    • Високо ниво на комуникациски вештини
    • Иницијатива и флексибилност

    Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

    Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо на македонски јазик може да ги достават на: [email protected], со назнака за „Одговорен референт за спречување перење пари” најдоцна до 29.07.2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично