ПОВЕЌЕ

    Северна Кореа стои зад хакерскиот грабеж на криптовалути вредни 622 милиони долари

    Време зa читање: 3 минути

    Министерството за финансии на САД ги поврзува севернокорејските хакери наречени Групација Лазарус со хакирањето на популарната видео игра Аксие Инфинити (Axie Infinity), поврзана со блокчејн, во кој минатиот месец беа украдени криптовалути во вредност од 622 милиони долари.

    Никој експлицитно не ја препиша вината за хакирањето, но во четвртокот американското Министерство за финансии идентификуваше адреса на дигитална валута што ја користеле хакерите дека била под контрола на севернокорејска хакерска група која честопати се нарекува „Лазарус“. „САД се свесни дека Северна Кореа се повеќе се потпира на незаконски активности – вклучително и сајбер криминал – за да генерира приходи за своите програми за оружје за масовно уништување и балистички ракети додека се обидува да ги избегне строгите санкции на САД и ОН“, рече портпаролот на Министерството за финансии.

    Соединетите Држави велат дека хакерската група Лазарус е контролирана од Генералното биро за извидување, основното разузнавачко биро на Северна Кореја. Обвинет е за вмешаност во нападите со откупни софтвер „WannaCry“, хакирање на меѓународни банки и сметки на клиенти, како и за сајбер нападите на Sony Pictures Entertainment во 2014 година.

    Хакирањата долго време ги мачат крипто платформите. Хакирањето на Ронин беше едно од најголемите грабежи на криптовалути досега.

    Портпаролот предупреди дека оние што вршат трансакции со паричникот ризикуваат да бидат изложени на американски санкции.

    Додека адресата на паричникот за која постои сомневање дека стои зад нападот е позната уште од денот на нападот, американското Министерство за финансии ја врза адресата на паричникот со севернокорејската групација Лазарус во четвртокот и ги санкционираше средствата додавајќи ја адресата на Список на специјални назначени државјани, кој го изготвува Канцеларијата за контрола на странски средства на САД.

    Портпаролот на Министерството за финансии рече дека Вашингтон ќе се обиде да објави насоки за крипто сајбер-безбедност за да помогне во напорите да се заштити од украдена виртуелна валута.

    Фирмите за блокчејн аналитика Чејнаналисис и Елиптик потврдија дека адресата на паричникот наведена од OFAC е истата користена во нападот. Елиптик, исто така, изјави дека нејзината анализа „покажува дека напаѓачот успеал да испере 18% од нивните украдени средства заклучно со 14 април“.

    Скај Мејвис, сопственикот на Аксие Инфинити, вети финансирање од 150 милиони долари, предводено од Binance, за да им ги надомести трошоците на корисниците кои го претрпеа нападот, со цел да ги врати сите украдени средства во следните две години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично