ПОВЕЌЕ

    ШЕСТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА РЕГИОНОТ: Пристапот до парите врзан со темпото на реформите

    Време зa читање: 2 минути

    Стимулирање на економскиот раст и забрзување на социо-економска трансформација на земјите од Западен балкан е суштината на новиот план за раст на регионот, што го усвои Европската комисија. Очекувањата се дека ќе се засилат реформите и инвестициите, а тоа ќе придонесе и за побрзо пристапување кон Европската унија. Тоа ќе се реализира со реформски од пакет од шест милијарди евра, предвидени за периодот 2024 до 2027 година. Сепак, пред да се добијат средствата, треба да се исполнат договорените задачи.

    Планот се темели на четири столба и подобрување на економската интеграција со единствениот пазар на ЕУ, под услов Западен Балкан да се усогласи со европските правилаи истовремено да ги отвори соодветните сектори и области за сите соседи, согласно заедничкиот регионален пазар.

    Притоа, издвоени се седум приоритетни активности: слободно движење на стоки; слободно движење на служби и работници; пристап до единствената област за плаќања во евра; олеснување на патниот транспорт; интеграција и декарбонизација на енергетските пазари; единствен дигитален пазар и интеграција во индустриските синџири на снабдување.

    Воедно, од ЕК посочуваат дека темпото на приближување до економскиот просек на Унијата е премногу бавно, со што економиите од регионот се само 30 до 50 отсто од просекот на ЕУ. Оттаму и уверувањето дека планот ќе им овозможи на партнерите да ги забрзаат реформите и инвестициите, со цел значително да се поттикне брзината на процесот на проширување и растот на економиите.

    Што се однесува до средствата од од шест милијарди евра, тие ќе се распределат меѓу државите од Западниот Балкан, но нивната примена е условена со реформите, односно со напредувањето во тој процес. Конкретно, земјите кои ќе се посветат на преземените обврски и побрзо напредуваат, ќе имаат пристап до парите кои оние што заостануваат не ги користат.

    Инаку, од предвидениот износ, две милијарди се за грантови, а поголемиот дел од четири милијарди ќе бидат достапни како поволни заеми.

    Од ЕК нагласуваат дека партнерите од Западен Балкан ќе мора решително да се ангажираат во доменот на реформите и во зајакнувањето на економската интеграција во регионот, за да ја искористат можноста што им се дава за раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично