ПОВЕЌЕ

    Русија забранува исплати за криптовалути

    Време зa читање: < 1 минутa

    Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува плаќање на криптовалути во Русија.

    Законот предвидува дека трансакциите со дигитални финансиски ресурси ќе се вршат од 2021 година, но употребата на криптовалути како средство за плаќање е забрането.

    Документот со 107 страници беше објавен на официјалниот интернет портал за правни информации. Документот ги регулира односите што произлегуваат од ослободување, пресметување и трговија со дигитални финансиски ресурси.

    Законот исто така забранува рекламирање на дигитална валута како метод на плаќање. Граѓаните можат да станат сопственици на дигитални финансиски средства (токени), но само доколку се создадени во рамките на руското законодавство, пренесува Спутник.

    Купувањето и продажбата на дигитални средства ќе биде можно во рамките на специјалните информативни системи, кои мора да бидат во согласност со руското законодавство и да бидат вклучени во регистарот на Банката на Русија.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично