ПОВЕЌЕ

    Реплек: Обезбедени 13 милиони евра за нови инвестиции

    Време зa читање: < 1 минутa

    Финансиска рамка во износ од 13 милиони евра обезбеди скопската фармацевтска компанија „Реплек“. Со овие средства ќе се поддржи реализацијата на планираните инвестициски проекти во периодот од 2025 до 2027 година. Целта е развивање на нови производи и стекнување поголеми и поцврсти пазарни позиции.

    „Преку овие инвестиции компанијата ќе ги зајакне своите напори за проширување на портфолиото на производи, зголемување на пазарното учество и дополнително зацврстување на својата конкурентска позиција на пазарот“, пишува во информацијата споделена со инвеститорската јавност преку Македонска берза.

    Во известувањето се наведува дека со инвестициската стратегија ќе се овозможи годишен раст од 25 проценти:

    „Во согласност со посветеноста на Реплек АД на раст, иновации и глобална експанзија, компанијата ја продолжува својата инвестициска стратегија насочена кон дигитализација, автоматизација и подобрување на работните услови за вработените. Оваа стратегија има за цел да го поддржи очекуваниот годишен раст од 25%“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично