ПОВЕЌЕ

    Речиси сите азиски берзи се во зелено

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акциите на повеќето азиски берзи, пораснаа, но сепак се тргуваше претпазливо бидејќи инвеститорите се плашат од зајакнување на инфлацијата како резултат на огромни монетарни и фискални стимуланси.

    Индексот на азиско-пацифички акции MSCI, со исклучок на јапонскиот, се зголеми за 0,2 проценти околу 7,00 часот, оддалечувајќи се од најниското двомесечно ниво.

    На берзата во Токио, индексот Никеи е скоро непроменет од вчера, додека цените на акциите во Хонг Конг, Шангај и Сингапур пораснаа меѓу 0,2 и 0,6 проценти. Во Јужна Кореја и Австралија пак, паднаа помеѓу 0,6 и 0,8 проценти.

    Технолошкиот сектор ги турка индексите на Вол Стрит

    На Вол Стрит, индексите пораснаа во вторникот, најмногу благодарение на скокот на цените на акциите во технолошкиот сектор, кој се опорави од силниот пад во претходните денови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично