ПОВЕЌЕ

    РАСТОТ НА КАМАТИТЕ ПРОДОЛЖУВА: Просечната стапка за кредитите 5,49, за депозитите 1,50 проценти

    Време зa читање: 3 минути

    Каматите во јули се зголемиле – просечната стапка на вкупните депозити е 1,50, а на вкупните кредити 5,49 проценти. Ова произлегува од последните податоци на Народна банка за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците забележани во текот на јули.

    Со месечен и годишен раст од 0,37, односно 1,16 процентни поени просечната каматна стапка на вкупните кредити ги достигнала споменатите 5,49 процети. За новоодобрените кредити, пак, просечната стапка во јули е со раст од 0,31, а на годишно ниво 1,56 п.п., соодветно, при што изнесува 5,57 проценти.

     

    Зголемувањето кај депозитите е за 0,10 на месечна и 0,83 п.п. на годишна основа, со што е дојдено до просечните 1,50 проценти. Повисока е просечната каматна стапка на новите депозити – 2,21 процент, но тука има месечно намалување за 0,49 п.п., а годишно зголемување за 1,37 п.п.

    Корпоративен сектор ‒ Податоците на Народната банка покажуваат дека во јули просечната каматна стапка на вкупните кредити е зголемена за 0,50 п.п. на месечна основа и изнесува 5,36 проценти. Тоа е резултат на нагорните движења кај сите компоненти, односно кај каматите на денарските кредити со валутна клаузула, на девизните кредити, на денарските кредити без валутна клаузула. Па, на годишна основа стапката на вкупните кредити бележи раст од 1,83 п.п.

    Кај каматната стапка на новоодобрените кредити има месечен раст од 0,49 п.п. и изнесува 5,75 проценти.

    Просечната каматна стапка на вкупните депозити во јули изнесува 2,02 проценти и е повисока за 0,03 п.п. Тоа произлегло од растот на стапките на денарските депозити без и со валутна клаузула. Споредено со ланскиот јули, оваа каматната стапка е зголемена за 1,08 п.п.

    Што се однесува до новите депозити, има месечен пад од 0,54 п.п. и стапката изнесува 1,57 проценти. Таквата месечната промена е поради пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и депозитите во странска валута. Годишно, оваа каматна стапка бележи раст од 0,92 п.п.

    Домаќинства – Каматната стапка на вкупните кредити во јули е 5,61 процент, со месечен раст од 0,26 п.п., кој се должи на зголемувањата на стапките што се пресметуваат на денарските кредити без и со валутна клаузула и на девизните кредити. На годишна основа, растот е 0,53 процентни поени.

    Новоодобрените кредити се со проесчна стапка од 5,32 проценти. Кај нив има месечен раст од 0,05 п.п., а годишен за 0,73 п.п.

    За влоговите на граѓаните каматната стапка се зголемила за 0,10 п.п. и изнесува 1,44 проценти. Според објаснувањето на Народната банка, до промената е дојдено преку растот на стапки на депозитите во странска валута и на денарските депозити без и со валутна. Во однос на истиот период од претходната година, каматната стапка на вкупните депозити е повисока за 0,79 п.п.

    За новите депозити во јули стапката се намалила за 0,47 п.п., по што изнесува 2,40 проценти. Анализирано на годишно ниво, зголемувањето е за 1,48 проценти поени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично