ПОВЕЌЕ

    „Раде Кончар – Апаратна техника“ ќе дели дивиденда од над 418.000 евра, по 125 денари за акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерите на „Раде Кончар – Апаратна техника“ ќе поделат дивиденда од 25.778.750 денари или над 418,8 илјади евра. Износот е обезбеден од минатогодишната нето-добивка од 30.323.598 денари, односно 492,6 илјади евра. Одлуките за распределба на добивката и за утврдување на износот на дивиденда се во форма на предлози, за кои ќе се глас на претстојното Собрание на акционери, закажано за 28 месецов.

    Дивидендата ќе се пресметува врз основа на утврдените 125 денари бруто за една акција, кои ќе им следуваат на акционерите чии имиња ќе бидат во акционерската книга на 11 јуни, кој е предвиден како датум на пресек.

    Последен ден на тргување со право на дивиденда е седми јуни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично