ПОВЕЌЕ

    Работата од дома го намалува германскиот БДП

    Време зa читање: < 1 минутa

    Работата од дома може да го намали германскиот БДП за 15 милијарди евра оваа година.

    Намалената потрошувачка за вработените во канцелариите влијае на гастрономијата, трговијата, како и на превозниците, е напишано во студијата на ревизорската и консултантска компанија „PricewaterhouseCoopers “.

    Во моментов, околу 30 проценти од вработените во Германија работат од дома. Поради тоа, тие трошат помалку од нивните средства наменети за пат до работа, ручек по ресторани, купување во близина на продавниците до нивната работа или за забава.

    Директно погодените сектори на тој начин губат 5,7 милијарди евра од прометот.

    Покрај тоа, индиректните ефекти, како што е намалената потрошувачка на електрична енергија, доведува до намалување на БДП за 4,1 милијарди евра.

    Намалената куповната моќ на вработените во погодените економски сектори дополнително го намалија БДП за 5,1 милијарди евра.

    Врз основа на овие проценки, PricewaterhouseCoopers заклучи дека германскиот БДП годинава ќе падне за 14,9 милијарди евра или 0,3 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично