ПОВЕЌЕ

    Путин: 4,5 проценти од БДП издвоени за помош на економијата и домаќинствата за време на пандемијата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека износот на државните средства за помош на економијата и домаќинствата за време на пандемијата е околу 4,5 проценти од БДП.

    „Ние сме свесни за фактот дека оваа бројка е поголема во одредени земји, иако јас сум убеден дека навремено донесовме доста ефикасни одлуки во таа смисла“, изјави Путин.

    „Гледаме сериозна скала на рецесија со која се соочуваат развиените и економиите во развој“, рече рускиот претседател и додаде дека приоритет е животот на Русија и здравствената заштита на руските граѓани, пренесува Тас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично