ПОВЕЌЕ

    Проф. д-р Треновски:Внимателно со покачување на даноците за време на инфлација

    Време зa читање: 3 минути

    Внимателно со најавите за покачување на даноците и цената на струјата во услови кога во земјава имаме инфлација, порачува професорот на Економски факултет проф.д-р Борче Треновски.

    -Во пандемија, па и по било каква криза историски е докажано дека цените се зголемуваат, односно се доживува ценовен шок. Со мерките што централната банка ги преземаше и ако и натаму ги презема, а се прудентни и конкретни нема потреба од загрижување кај граѓаните за поголема инфлација понатаму. Храната и енергијата се поврзани со сите производи што секако влијае врз зголемување на цените во економијата, а со тоа и на буџетот кај граѓаните особено оние со пониски примања. Тоа секако не смее да се занемари од креаторите на политиките во насока на поддршка на овие граѓани како ослободување од јавни давачки и трошоци, вели професорот Треновски.

    Тој посочува дека овие поддршки понатаму секако ќе се наплатат, но битно е да се внимава на процесот на консолидација на јавните приходи.Ако веќе се размислува за покачување на даноците тогаш треба да се биде особено претпазлив што ќе се избере во време на пандемија, вели Треновски.

    -Политиките главно треба да бидат насочени кон зголемување на ефикасноста за управување со јавните финансии, силна борба со сивата економија и корупцијата. Ако се врши корекција кај даноците една од опциите наместо зголемување на даноците е проширување на даночната основа и оданочување на сегменти од економијата кои не се даночени. Во однос на покачување на цената на струјата, потег кој секако влијае врз однесувањето на луѓето потребно е прво да се донесат мерките за енергетска сиромаштија да им се помогне на граѓаните со ниски примања на сметките, истакнува професорот.

    Инаку по научната конференција вчера академиците им советуваа на властите за финансиска стабилност да намалат со купувањето на автомобили и мебел и да направат благо покачување на даноците. Истовремено премиерот Зоран Заев  најави поскапување на струјата заради инвестиции во зелената енергија. Претходно пак Народната банка ја корегираше стапката на инфлација од 1,5 на 2,2 проценти. Но според проекциите на ММФ во втората половина од 2021 таа се очекува да забави.

    Во изјава вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битики пак најави дека најверојатно богатите ќе треба да плаќаат повисоки даноци, а персоналниот ќе се намали во одредени дејности. Иако прогресивното оданочување се одложи за 2023-та година Битиќи не ја исклучува можноста да биде воведено и порано.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично