ПОВЕЌЕ

    „Попова кула“ во позитива, проблем е недостигот на кадар во лозарството и винскиот туризам            

    Време зa читање: 2 минути

    Повисоките приливи и одливи на средства во текот на минатата година, за Винарската визба „Попова кула“ од Демир Капија и за подружниците обезбедиле позитивен финансиски резултат од 1.712 илјади денари.

    Производството и продажбата на вино, заедно со винскиот туризам кај вкупните оперативни приходи се согедуваат преку износот од 58.455 илјади денари, кој во споредба со истиот период од 2022 година е зголемен за 8.132 илјади денари. Дополнителни 1.263 илјади денари се евидентирани кај оперативните расходи, кои достигнуваат 54.529 илјади денари, а се образложуваат со зголемениот обем на работа.

    Проблемите во работењето произлегуваат од војната во Украина, која предизвикала  неколкукратно зголемување на цената поради шишињата и другите репроматеријали кои ги користи винарската визба. Во тој контекст се наведуваат и цените на енергенсите, а о „Попова кула“ посочуваат дека особено се погодени од високата цена на електричната енергија: „со цел да добиеме висок квалитет на крајниот прозивод, контролата на ферментацијата ја правиме со употреба на значајна количина на електрична енергија“.

    Исто така, наведуваат дека за нив сериозен проблем претставува недостигот од квалификувана работна сила, потребна и во лозарскиот и во туристичкиот сектор.

    „Работиме во рурална мала општина во која одливот на луѓе е експоненцијално поголем за разлика од други општини каде само е голем. Сметаме дека како што нашите граѓани дефакто се веќе излезени на меѓународниот пазар на труд треба и нам, на домашните фирми, да ни се овозможи да излеземе слободно на меѓународниот пазар на труд. Доколку тоа не се овозможи недостатокот на кадар за работа сериозно ќе ја наруши можноста за функционирање на фирмата“, велат од „Попова кула“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично