ПОВЕЌЕ

    ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ СКРАТАТ, парите одат во антикризен пакет

    Време зa читање: 2 минути

    Со законско решение ќе се изврши корекција на Законот за плати за избрани и именувани лица, најави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи. На тој начин ќе се ослободат средства, кои потоа, преку антикризните мерки ќе се насочат кон најранливите категории граѓани.

    Одлуката за овој потег е донесена откако Владата задолжила министри да оформат нови антикризни мерки, наведе вицепремиерот во гостувањето на ТВ 24. За таа цел, со пренамената на Буџетот ќе има околу 70 милиони евра, а содржината на пакетот јавноста ќе биде информирана наскоро.

    „Добивме задолжение од Владата за формирање работна група за Законот за платите на функционерите од неколку министри, која треба да работи на нов закон за избрани и именувани лица, за да направиме поправедно решение и ослободиме дел од средствата. Тоа е клучно во одредени временски периоди кога треба да покажеме солодарност“, посочи Битиќи.

    Функционерските плати драстично се зголемија откако Уставниот суд донесе одлука за нивно одмрзнување. Оттогаш, од март наваму, кога основицата за нивна пресметка стана просечната плата во државата од претходната година, од Владата најавуваат корекции на „избраните“ примања. Кои, пак, предизвикаа големо незадоволство и серија протести. Дополнително работите ги влоши и пресметката дека во јануари платите на министрите, пратениците, судиите, обвинителите, градоначалниците… ќе се зголемат за 300 до 500 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично