ПОВЕЌЕ

    Пензионерите од Свети Николе ги дополнија барањата: Ревизија на ПИОМ и на Сојузот, бесплатни лекови, оставки…

    Време зa читање: 2 минути

    Со автомобили и со трактори пензионерите од Свети Николе го блокираа патот кон Штип. Ова е втора едночасовна блокада, по минатонеделната кога го стопираа движењето кон Куманово.

    На овој начин го изразуваат незадоволството од ниските пензии, проследени со барања, од кои основното е – 3.500 денари за сите пензионери. А, на денешната блокада се утврдени пет точки од кои, велат, нема да отстапат.

    На прво место е линеарното зголемување и како што наведува членот на Иницијативнот одбор на пензионерите кои протестираат во Свети Николе, тоа се однесува за сите – „бараме 3.500 денари за оние кои имаат најниска пензија и за оние кои имаат највисока“.

    Во случај на неисполнување, има второ барање, а тоа се оставки на министерката за труд и социјална политика, на претседателката на Сојузот на пензионерите, на Здружението на пензионери и на раководство.

    Понатаму, бараат да се направи ревизија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во Сојузот на пензионерите. Четвртото барање е за бесплатни лекови.

    Петтото барање исто така е за оставка. „Доколку не се исполнат овие барања, Владата да си поднесе оставка“, нагласуваат светиниколските пензионери, кои воедно најавија дека и натаму ќе организираат протестите и блокади.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично