Payoneer, глобална платформа за плаќање и е-трговија што поттикнува раст на милиони дигитални бизниси ширум светот, објави дека започна работа со eBay за да им овозможи на продавачите во избраните земји да им се плаќа за она што го продаваат на платформата eBay.
eBay соработуваше со Payoneer како дел од својата мисија за модернизирање на платформата, поедноставување на работењето и олеснување на плаќањето за трговците низ целиот свет.
Со помош на Payoneer, продавачите на eBay ќе имаат побрз пристап до средства, поголема флексибилност во управувањето со плаќањата во различни валути и подобар пристап до потенцијалните купувачи преку разни меѓународни eBay страници.
Payoneer ќе управува со колекцијата продавачи на eBay од Кина од април 2021 година, додека eBay ќе го прошири управувањето со плаќањата ширум светот. eBay и Payoneer имаат намера да ја воведат оваа услуга во други земји подоцна оваа година.
Payoneer го склучи овој договор по најавата дека ќе стане јавно акционерско друштво оваа година благодарение на деловниот договор со една компанија за преземање специјална намена. Бранот на дигитализација што се забрза за време на пандемијата, дополнително ја истакна важноста на непречената глобална трговија, бидејќи се повеќе купувачи и продавачи тргуваат на меѓународно ниво.
Payoneer обработи трансакции со плаќање од 44,4 милијарди долари во 2020 година, што е за 53% повеќе од 2019 година.
„Управувањето со плаќањата на нашата платформа е клучна компонента за подобрување на искуството на eBay за нашите клиенти“, додаде Алиса Катрајт, потпретседателка на глобални плаќања на eBay. „Задоволни сме што сме партнер на Payoneer во време на раст за двете наши компании. Заедно, ќе го искористиме големиот моментум што го доживеа е-трговијата во текот на изминатата година и ќе им помогнеме на трговците на мало да спроведуваат меѓународни трансакции со клиенти на флексибилен и безбеден начин, преку едноставна, модерна платформа“.