ПОВЕЌЕ

    Од каде доаѓаат парите и зошто постојано се зголемуваат со светот?

    Време зa читање: 4 минути

    Книжните банкноти постојат релативно кратко време. Илјадници години претходно, луѓето разменувале копја за вазни, глина за ориз, коза за крава. Главниот проблем кој со себе го носеле овие размени на производи е што нивната вредност зависела од околностите околу колку нужна била потребата на едната или другата страна. Голем дел од луѓето порано морале да чекаат долго време за да најдат некој кој му треба цигли за да купи волна, но таков купец долго време немало. 

    Секаде што се правело размени на добра на големо, во секоја држава си имало различен прифатен систем на размена. На пример во Кина во 1700 п.н.е се користело школки. Во истата година во Англија се користело рум а во Јапонија ориз, каде што 150 грама ориз било едно т.н. “коку” како мерна единица за една пара.

    Оваа неликвидност создавала проблеми од секаков вид. Проблемот можел да се реши само со универзален и рамномерно подделив систем на размена на вредност, односно, пари. Немало потреба повеќе некој кој има голема залиха од жито, да чека купец кој сакал да се размени со тоа што тој во моментот го имал. Но ако и двете страни имале монета односно железна пара, тогаш проблемот бил решен.

    Па така, колку пари се потребни за една држава да функционира? Тоа зависи од колку вредност треба да биде разменета и колку е голема трговијата. Ако сте биле родени во бронезна доба, во село кое што произведувало главно леб и млеко, можеби 1000 единици би биле доволни. Ако тоа село прерасне во град, ќе бидат потребни милиони размени. Во денешните развиени земји, потребни се милијарди или трилиони размени.

    Колку пари има денес во светот?

    • Пари што се во опсег; околу 6 трилиони.
    • Пари што ги имаат физичките лица во банките; околу 40 трилиони.
    • Пари што ги имаат компаниите во банките; околу 90 трилиони (колку што е и вкупниот бруто домашен производ во целиот свет).

    Вака изгледаат бројките во 2020. Како ќе изгледаат за 20 години? Никој не знае, но едно е сигурно. Сите тие бројки ќе бидат поголеми.

    Зошто?

    Бидејки парите во светот постојано се зголемуваат поради кредити и задолжување.

    Првиот начин е кога владата (овластена од сообранието) преку централната банка (НБРМ во нашата земја) ќе принта физички пари, односно ќе воведе пари во опсег.

    Тие физички пари, владата ги дава на комерцијалните банки и за возврат добива обврзници. За тие обврзници, банките на долг рок ќе добијат камата од 1, 2 или некогаш 3% камата од државата. Битно е да се напомене дека сите влади во целиот свет заедно создаваат само 10% од “новите” пари.

    Останатите 90% се создадени од банките. Банките неможат да принтаат пари. Тие даваат кредити на населението. За секој долар што ќе го ставите во банка, банките даваат 9 долари во форма на кредити. Тоа го прават најчесто преку кредитни картички, кои во светот се користат за позајмување на големи пари, многу повеќе од тоа што е случајот во нашата држава. Тие пари се дигитални. Физички не постојат. И банките статистички знаат дека сите кредити кои ги дале на сите луѓе, нема да бидат потрошени во еден момент. Тоа никогаш не се случува. Затоа ние им веруваме на банките дека дигиталните пари се стварно во банките и тие нас ни веруваат дека нема сите ние да ги потрошиме во еден момент, бидејки како што е претходно наведено, банките даваат 9 пати повеќе дигитални пари од физичките пари кои ги земаат од владата.

    Затоа, зборот “кредит” доаѓа од латинскиот збор “credit” што значи…

    верува.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично