ПОВЕЌЕ

    „ПАРИ“ ОТКРИВА: Како сработеа компаниите на БЕГ што ги снабдуваа скопјани со парно греење лани?!

    Време зa читање: 3 минути

    Како во 2021 година сработеа компаниите на Балкан Енерџи Груп АД Скопје (БЕГ) што ги снабдуваат скопјани со парно греење кога цената на природниот гас веќе започна да руши рекорди на берзите? Кон крајот на минатата година компанијата се откажа и од снабдување со парно на скопјани со образложение дека не може да го плати скапиот гас за производство. Па на половина од грејната сезона управувањето го презеде државното ЕСМ, а потребното количество на гас го плати со државни пари.

    Порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк ви открива дека од трите ќерки фирми на компанијата Снабдување со топлина Балкан Енерџи, Производство на топлина Балкан Енерџи и Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи само една остварила добивка.

    Во делот на приходите фирмата Снабдување успеала да постигне раст од 6,99 процени или во апсолутни бројки направила промет од 27,4 милиони евра. Кај Производство единствено се намалиле приходите од речиси 14 милиони евра во 2020-та на 12,2 милиони минатата година. Позитивни резултати во делот на приходите остварила и Дистрибуција. Во 2021 оваа компанија забележала промет од 25,6 милиони евра додека во 2020-та 24,3 милиони евра.

    КомпанијаПриход 2021Приход 2020Раст %
    Снабдување со топлина Балкан Енерџи27,4 милиони евра25,6 милиони евра+6,99%
    Производство на топлина Балкан Енерџи12,2 милиони евра13,9 милиони евра-13.02%
    Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи25,6 милиони евра24,3 милиони евра+5,48%

    Сепак, многу полоши резултати покажале компаниите кај добивката. Освен Дистрибуција која покажала минимална добивка остантите две биле во загуба. Снабдување покажало минус од 3,642 евра, Производство било во загуба од 86,432 евра. Дистрибуција покажала повисока добивка за 3,16 проценти односно во 2021 завршила во позитива од 675,862 евра, додека во 2020 на завршната сметка имала 655.161 евро.

    КомпанијаДобивка/Загуба 2021Добика/Загуба 2020Раст %
    Снабдување со топлина Балкан Енерџи-3,642 евра-531,564 евра-99,31%
    Производство на топлина Балкан Енерџи-86,436 евра1,6 милиони евра/
    Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи+675,864 евра+655,161 евро+3,16%

    Трите компании на БЕГ лиценцата за снабдување, производство и дистрибуција на топлинска енергија за Скопје ја добија во декември 2012 година со рок на важење од 10 година. Тоа значи дека во декември годинава истекува и лиценцата за работа на компанијата. Регулаторната комисија за енергетика деновиве објави дека е покрената постапка за одземање на лиценцата на компанијата и дека нема да плаќа пенали заради предремено раскинување на договорот. Регулаторот посочи дека е добро да има наместо три само една лиценца за топлинска енергија.

    Владата веќе подготвува тендер за избор на компанија која би го презела бизнисот со парно греење. Како најсигурна опција се Град Скопје или државата преку ЕСМ да ја презеде компанијата. Покана да аплицира на тендерот веќе доби градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, доколку нема интерес од Владата најавија дека ќе бараат друго решение. Постапката за одземање на лиценцата е започната со цел скопјани да имаат непречено снабдуање со парно греење за новата грејна сезона.

    Додека ја добие новиот снабдувач со топлинска енергија лиценцата, стариот е обврзан да ги загрева домовите, односно грејната сезона би требало да стартува без проблеми.

    извор: БизнисМрежа.мк

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично