ПОВЕЌЕ

    Онлајн медиумите Пари и Аналитика се здружуваат во еден медиум

    Време зa читање: < 1 минутa

     

    Специјализираните интернет портали Pari.com.mk и Analitika.mk потпишаа договор за соединување и заеднички настап на медиумскиот простор. Во следните 30 дена се очекува формирање на нов правен субјект преку кој заеднички ќе продолжат со работа.

    Pari.com.mk ќе биде основниот портал, од каде постојано ќе може да се информирате за дневните случувања и движењето на парите, додека Аналитика ќе биде посебна рубрика со веќе препознатливиот стил на своите аналитички текстови преку кои се добива база на податоци, а истите може да бидат и корисен извор на информации при носење на деловни одлуки.

    Со засилени ресурси и нови идеи ќе чекориме кон предизвиците. Основно мото во кое го пронајдовме заедничкиот интерес за да настапиме како една компанија на медиумскиот пазар е содржано во потребата од прецизност и аналитичност во информирањето изјави Огнен Огненоски, управител на Аналитика.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично