ПОВЕЌЕ

    Паднаа цените на тестенините и млечните производи, поевтинувања ќе има и во април

    Време зa читање: 2 минути

    Цените паднаа: млекото се продава по цени од 68 до 72 денари, јогуртот 72, за 30 до 40 денари се поевтини сирењето и кашкавалот, а тестенините за десет до 15 денари. Трговците направиле корекции кај сите видови производи што ги одреди Владата, која идната недела ќе се огласи со нови мерки.

    „Денес можевме да се увериме дека одлуката за намалување на цените се почитува од страна на производителите и од страна на трговците и сметаме дека ќе придонесе за олеснување на семејниот буџет на граѓаните“, нагласи премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за економија и до директорот на ДПИ пазарејќи извршија проверка на цените. Притоа, додаде, со мерките за лебот и оваа за тестенините и млекото и плечните производи, не се дозволи дисбаланс на пазарот на понудата и побарувачката.

    Компаниите кои ќе покажат општествена одговорност и ќе ги прилагодат цените и понатаму ќе се поддржуваат, истакна министерот Крешник Бектеши. Тој ги повика самите да направат намалување, со оглед на трендот кај цените на суровините на светските берзи. „Ако покажат дека се совесни и ги намалат сами цените, ние ќе излеземе со нови мерки за поддршка, за да бидат и тие порентабилни“.

    Државен пазарен инспекторат е активен со сиот свој капацитет, посочи директорот Горан Трајковски, кој најави дека во текот на денот ќе има подетални информации за состојбата на теренот, односно дали има компании кои не ги почитуваат одредбите.

    „Над 160 инспектори се на терен низ целата земја. Апелирам, бидејќи имаше шест дена за прилагодување, компаниите да го почитуваат Законот за трговија“, посочи Трајковски потсетувајќи дека санкциите седвижат од 800 до десет илјада евра.

    Утре, пак, ќе бидат готови анализите за цените на шеќерот, јајцата и оризот, по што ќе се знае дали има можност и кај нив да се направат корекции, рече Бектеши. „Мерките ќе ги дефинираме со министерот за финансии и со премиерот. Оваа криза нема да биде на грб на граѓаните. Ние ќе се откажеме од давачки, компаниите од профити“.

    Според најавите, нови мерки ќе има идниот месец.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично