ПОВЕЌЕ

    Денеска е поставена опцијата со која можете да ја откажете донацијата на апликацијата „Мој ДДВ“

    Време зa читање: 2 минути

    Денеска е поставена опцијата со која можете да ја откажете донацијата на апликацијата „Мој ДДВ“, информира директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

    Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата потребно е да ја симнат новата верзија на апликацијата ,,Мој ДДВ”. Полето ,,Откажи Донација,, се појавува само кај оние корисници на апликацијата “МојДДВ” кои го донирале својот поврат за периодот јан-март 2020 за справување со COVID-19.. Оваа опција ќе биде достапна на апликацијата “МојДДВ” до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година, објави Лукаревска.

    До сега во солидарниот фонд за справување со корона-кризата се донирани околу 10 милиони денари од граѓаните, кои наместо да го добијат на своите сметки, го вратиле повратот од „Мој ДДВ“.

    Со измени на уредба на граѓаните Владата им овозможи да си го вратат на своите трансакциски сметки по грешка донираниот „Мој ДДВ“ во солидарниот фонд за справување со корона-кризата.

    Физичките лица кои дале по грешка согласност за донирање на вратениот ДДВ во првиот квартал од 2020 година ќе може да го променат одговорот најдоцна до 30 јуни 2020 година и да се стекнат со право на враќање на ДДВ на нивните трансакциски сметки најдоцна до 30 јули 2020 година.

    Голем број граѓани пред да се направи оваа измена реагираа дека по грешка махинално реагирае на опцијата за праѓање на повратот од „Мој ДДВ“ во солидарниот фонд и дека потоа немале можност тоа да го исправат.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично