ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Халкбанк – ИТ Специјалист за софтвер

    Време зa читање: 4 минути

    Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

    Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на 3 (три) извршители – нововработени на следните работни позиции:

    ИТ Специјалист за софтвер (Референца Бр. 002/2021) 
    во Дирекција за информациски средства и техничка поддршка

    Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 
    • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
    • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
    • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
    • Возачка дозвола Б категорија.
    Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
    • Искуство во развој на апликации користејќи .Net платформа, ASP.NET, ASP.NET  MVC и C#
    • Познавање на HTML, CSS, XML, Javascript
    • Одлично познавање на релациони бази на податоци(Microsoft SQL Database, Informix);
    • Основно познавање на оперативни системи(Windows OS);
    • Активно го следи развојот на програмските јазици, помошните програми и нивната примена во пракса;
    • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
    • Професионален пристап кон работните обврски;
    • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
    • Чесност и доверливост;
    • Одлични комуникациски вештини;
    • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
    • Способност за тимска работа;
    • Професионален изглед и однесување.
    За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
    • Одговорен за правилно и целосно функционирање на модулите од системот за Пошта и негово целосно функционирање и интеграција со главниот банкарски систем и модулот за домашен платен промет;
    • Параметризирање и развој на апликативните модули на системот за Пошта и модулот за интеграција со системот за платен промет согласно потребите и производите на Банката;
    • Организирање и спроведување на поддршка  за корисниците во наведените модули и систем;
    • Анализирање на можностите за користење на модулите,  вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на истите;
    • Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на модулите;
    • Вршење прием, инсталација и надградба на модулите во соработка со надворешните релевантни страни;
    • Учество во проекти за унапредување на споменатите апликативни модули, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.
    Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 16.01.2021 година, на следниов е-маил: [email protected] со назнака на соодветната Референца согласно позицијата за кој што аплицирате, пример: Референца бр. 002/2021 – ИТ Специјалист за софтвер.
    За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
    Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично