ПОВЕЌЕ

    ОД МАРТ 2025 ЕУ ќе ги укине одмаздничките царини за американските производи

    Време зa читање: 2 минути

    Европската унија ќе ги прекине царините за американските стоки до крајот на март 2025 година, кои Брисел ги воведе како одговор на тарифите на Вашингтон за челик и алуминиум од ЕУ. Оваа информација во вторникот беше објавена на официјалната веб-страница на Унијата, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

    Брисел одлучи да се воздржи од тарифи врз основа на договорот со САД во кој Вашингтон вети дека ќе ги суспендира и сопствените царини од 25 отсто за европскиот челик и давачките од 10 отсто за алуминиумот од ЕУ.

    Американските царини за челик и алуминиум од ЕУ беа воведени во 2018 година од страна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

    Вашингтон претходно се согласи да ги суспендира своите царини за европскиот челик и алуминиум на две години, почнувајќи од јануари 2022 година, и да ги замени со квоти.

    Системот на квоти во САД дозволува увоз до 3,3 милиони тони челик од ЕУ и 384.000 тони алуминиум во САД без царина, додека дополнителните количини подлежат на царини.

    Европската комисија се пожали дека системот на квоти во САД е ригиден, но овој спор ќе го решат политичарите кои ќе бидат на власт по изборите во ЕУ и во САД.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично