ПОВЕЌЕ

    Од добивката на „Алкалоид“ има и за акционерите и за инвестиции – дивидендата зголемена за 10,2 насто

    Време зa читање: 2 минути

    Добивката што „Алкалоид“ ја оствари со работењето во текот на минатата година, во износ од 24,68 милиони евра, речиси рамномерно ќе биде поделена на два дела. За дивиденда и данок за личен доход над 770 милиони денари (12,5 милиони евра) и за инвестиции – над 750 милиони денари (12,1 милион евра). Предлогот треба да добие потврда на акционерското Собрание закажано за први април.

    Дивидендата за акционерите ќе се пресметува по утврдената нето-сума од 486 денари, односно 540 денари бруто за акција. Исплатата ќе започне на 15 мај, а ќе биде реализирана во готово, акционерите ќе ги добијат парите на своите трансакциски сметки.

    Во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната 2022 година од 490 денари бруто, односно 441 денар нето, сегашната е поголема за 10,2 проценти.

    Последниот датум на тргување со право на дивиденда е 16 април, а прв датум на тргување без право на дивиденда е 17 април. А, пак, 18 април е датумот за стекнување право на дивиденда за 2023 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично