ПОВЕЌЕ

    Очекувања на Стопанска банка АД Скопје за претстојниот период

    Време зa читање: 2 минути

    Светот се соочува со една од најголемите и најтешки здравствени кризи од почетокот на 20-тиот век наваму, која се карактеризира со исклучително брз степен на пренос и бара радикални мерки.

    Мерките, како од здравствена така и од економска природа се преземаат во сите земји, што значи дека секоја економија ќе биде погодена, особено поради високиот степен на глобализација. Мерките се однесуваат на ограничувања кај факторите на производство и оттаму предизвикуваат намалена понуда на стоки и услуги, но и намалена побарувачка.

    Влошените очекувања на економските субјекти заедно со намалениот доход, ќе доведат до одложување на личната потрошувачка и инвестициите.

    Економската активност во РСМ според најновата проекција на НБРСМ се очекува да се намали за 3,5% во 2020 со пад кај сите компоненти на БДП освен кај јавната потрошувачка. Закрепнување се очекува во 2021 со раст од 4,7%.

    Намалената побарувачка очекувано е да донесе пониски цени (увозни и домашни) така што инфлацијата е проектирана на околу 0% во 2020 и 1,5% во 2021 година. Се очекува и проширување на дефицитот на тековната сметка до 3,2% од БДП, главно поради намалување на приватните трансфери.

    Депозитниот и кредитниот раст се проектирани на 2,3% и 3% соодветно, со постепено забрзување од следната година. Треба да се напомене дека не се исклучува пролонгирана здравствена криза или втор бран, што би довело до подлабока економска криза.

    Како и до сега, Стопанска банка АД – Скопје ќе продолжи да ги превзема сите потребни мерки и активности потребни за минимизирање на негативното влијание од кризата и прилагодување кон новонастанатите макроекономски услови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично