ПОВЕЌЕ

    Очекувања на Централна Кооперативна Банка за престојниот период

    Време зa читање: 2 минути

    Од 18 март 2020 година, македонската економија се одвива во услови на прогласена вонредна состојба.

    Причината е појавата на епидемијата КОВИД-19 која енормно брзо се рашири низ целиот свет, по што Светската здравствена организација прогласи пандемија.

    Во многу национални економии настана комплетен прекин на одделни економски активности. Затворени се границите, прекинати се синџирите на набавки и доставување, целосно се затворени производствените капацитети кои се од несуштинско значење за справување со епидемијата КОВИД-19.

    Македонската економија се одвива во услови на воспоставен високо рестриктивен полициски час за одделни старосни групи на население, затворени производствени, услужни и трговски капацитети. Следствено, Банката забележува пад во бројот на банкарски операции, зголемени трошоци со цел заштита на вработените и клиентите во Банката, поради што се јавуваат отстапки од планот за 2020 година.

    Макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност во 2020 година се очекува значително да се разликуваат во однос на првичните проекции, кога беше предвиден раст на домашната економија согласно со објавените проценки на Министерство за финансии, се очекува БДП да забележи пад од близу -3,4%.

    За таа цел, Банката неуморно работи во насока на помош за погодените клиенти од новонастанатата состојба при што, пред сè, ќе биде фокусирана на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање поволни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза.

    Ќе продолжат напорите за модернизирање на постојниот технолошки сетап на Банката и зголемување на достапноста на продуктите и услугите. Следејќи ги современите текови во развојот на информатичките технологии во банкарското работење, Банката ќе продолжи да ги развива и усовршува и алтернативните канали за дистрибуција, со цел намалување на ризикот од ширење зараза.

    Посветеноста кон зголемување на квалитетот и ефикасноста во клиентската услуга и зголеменото клиентско задоволство остануваат во врвот на приоритетите за престојната година. Банката ќе се стреми кон одржувањето позитивна и стимулативна работна атмосфера, преку поттикнување на иницијативите и наградување на реалните резултати и успеси.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично