ЛинкАкрос со финансиска поддршка на УСАИД со големо задоволство го објавува новиот повик за GrowBiz програмата.
Преку GrowBiz менаџерите на мали и средни претпријатија од Северна Македонија и Албанија од секторите туризам, свежи и преработени земјоделски производи, текстил и преработки од дрво ќе имаат можност да добијат бизнис коучинг од искусни тренери/коучери од САД со цел да создадат и да имплементираат план за раст на нивните бизниси.
Програмата е ко-финансирана од УСАИД регионалниот проект за економски развој, управување и развој на претпријатија и спореведена од невладината организација ЛинкАкрос. Повикот за апликации за GrowBiz е отворен и трае се до 15.01.2021 година. Коучинг процесот и целата иницијатива започнува во февруари 2021 година и трае се до декември 2021.
Повеќе информации и формулар за аплицирање може да се најде на www.growbiz.mk или може да се обратите на [email protected]. GrowBiz ќе им помогне на менаџерите при коучинг процесот да создадат и имплементираат конкретен бизнис план за раст. Во склоп на иницијативата ќе биде овозможена ревизија на дигитална маркетинг стратегија на фирмата со можност, во зависност од потребата, да се создаде 3 минутно професионално промотивно видео за дадениот бизнис.
На крај, фирмите ќе имаат пристап до персонализирани бизнис обуки создадени за учесниците во GrowBiz. Пазарната цена на коучингот, обуките и помошта во областа на маркетингот изнесува повеќе од 5000 евра. Бидејќи GrowBiz e кофинансирана од УСАИД, партиципацијата за програмата изнесува 360 евра за мали бизниси и 540 евра за средни бизниси. Затоа, понудата е ограничена на 25 бизниси од Албанија и Северна Македонија. ЛинкАкрос ги кани сите потенцијални учесници на бесплатен едно-часовен онлајн настан на 9ти декември во 15:00ч.
На настанот некои од експертите кои ќе го спроведуваат коучингот на GrowBiz ќе зборуваат за моќта на бизнис коучингот и суштината на програмата. За повеќе информации и регистрација посетете ја www.growbiz.mk. ЛинкАкрос работи во регионот повеќе од 10 години и активно придонесува за регионалниот економски развој преку проекти во оваа област.
Во изминатите пет години реализираше 5 циклуси од проектот ‘Бизнис воден од вредности’ кој се фокусира на микро и мали претпријатија, помагајќи им во сите области на бизнис администрација. ЛинкАкрос е член на Американска Стопанска Комора и активно соработува со приватни, владини и невладини партнери сé со цел развој и позитивна трансформација на регионот.