ПОВЕЌЕ

    Најголемиот фонд во светот, отиде 21 милијарди долари во минус оваа година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Големиот норвешки пензиски фонд – најголемото национално фондско богатство во светот, во вторникот објави негативен резултат, наведувајќи ги „големите флуктуации“ на берзите како причина.

    Владиниот пензиски фонд „Глобал“ изјави дека има негативно враќање од 3,4 проценти за првите шест месеци од 2020 година, што е еквивалентно на загуба од 188 милијарди круни (21,3 милијарди долари).

    Во тој период имаше големи флуктуации на берзата. Годината започна со оптимизам, но изгледите за берзата брзо се свртеа, откако вирусот почна да се шири на глобално ниво, рече Тронд Гранде, заменик-главен извршен директор на управување со инвестиции во Норгес банка.

    Сепак, големиот пад на берзите во првиот квартал беше ограничен со силни реакции во областа на монетарната и финансиската политика.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично