ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка овозможува плаќање со Google Pay™

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка, следејќи го трендот на дигитално напредните банки, на своите клиенти кои ја користат апликацијата NLB Pay им овозможи плаќање со светскиот дигитален сервис Google Pay™, дома и во над 60 земји во светот.

    Унапредената мобилна апликација нуди низа нови функционалности кои дополнително го подобруваат корисничкото искуство на бесконтактните плаќања, овозможувајќи истите да бидат уште побрзи, полесни и посигурни.

    NLB Pay мобилниот паричник овозможува дигитализирање на НЛБ Visa и Mastercard  платежните картички во Google Pay™ преку Android смартфон или смарт часовник, и можност за користење и плаќање со сите картички на клиентот во Банката.

    Апликацијата нуди и преглед на сите направени трансакции со картичките, како и состојба на сметка за секоја поединечно дигитализирана картичка. Дополнителна придобивка на сервисот е можноста за дигитализација на сите картички за лојалност со баркод.

    Постоечките корисници на NLB Pay потребно е да направат апдејт на апликацијата за да продолжат непречено да ја користат, додека новите корисници на NLB Pay, може да ја преземат апликацијата преку Google Play store, целосно бесплатно. Апликацијата е достапна на мобилни уреди со Андроид оперативен систем 7.0 и повисоки верзии.

    Повеќе информации околу функционалностите и користењето на NLB Pay апликацијата може да се преземат / добијат на следниот ЛИНК.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично