ПОВЕЌЕ

    Низ Белгија бран протести против поскапувањата

    Време зa читање: 2 минути


    Илјадници луѓе протестираа против зголемените цени на електричната енергија и трошоците за живот во средата во белгискиот главен град Брисел, по сличниот протест претходниот ден во Словачка, а претходно овој месец и во Чешка. Во она што беше наречено „национален ден на акција“, како што објави Асошиејтед прес, околу 10.000 луѓе протестираа низ целата земја, барајќи решенија за зголемените цени на струјата и природниот гас и вртоглавото зголемување на трошоците за живот.

    Според АП, повикувајќи се на анкета на белгиските медиуми, во време кога сметките за струја и гас се речиси двојно зголемени од пред една година, околу 64 отсто од Белгијците се загрижени дека можеби нема да можат да ги платат сметките за енергија.

    Во јуни, околу 70.000 белгиски работници исто така излегоа на улиците, протестирајќи поради острите скокови во трошоците за живот.

    Во вторникот слични протести беа започнати и во Словачка, каде неколку илјади се собраа во главниот град Братислава против високата инфлација. Антивладините протести беа организирани од левичарската опозиција, но на нив се приклучија и екстремно десничарските сили. Демонстрантите ја обвинуваат владината поддршка на Украина за зголемената инфлација.

    Во првата недела од септември, масовни протести ја потресоа и Чешка, при што околу 70.000 луѓе се собраа во главниот град Прага за да демонстрираат против владата за вртоглаво зголемените трошоци за живот, потег што чешкиот премиер предупреди дека бил под влијание на руската пропаганда.

    Индексот на граѓанските немири на консултантската компанија за ризик Verisk Maplecroft покажува дека повеќе од половина од 198-те земји опфатени со индексот забележале зголемување на граѓанските немири во изминатиот квартал. „Светот се соочува со невиден пораст на граѓански немири, бидејќи владите од сите видови се справуваат со влијанието на инфлацијата врз цената на основната храна и енергијата“, рече главниот аналитичар Торбјорн Солдвед.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично