ПОВЕЌЕ

    Ниту Безос, ниту Маск: Кој е најбогатиот Американец на сите времиња?

    Време зa читање: 2 минути

    Ниту една друга земја во историјата никогаш не понудила вакви материјални концепти од нејзиното основање. Капитализмот и правото на заработка (големи или мали) без мешање на владата или црквата се вткаени директно во структурата на документите за основање и социјалната ДНК на граѓаните на САД, пишува порталот Celebrity Net Worth.

    Америка е најбогатата земја во светот денес. Затоа луѓето од целиот свет очајно сакаат да слетаат на нејзините брегови каде што се надеваат дека ќе го остварат својот американски сон. Сон што создаде некои од најголемите лични богатства во модерната историја.

    Во моментов, осум од десетте најбогати луѓе во светот се Американци. Двајца од тие осум Сергеј Брин (Гугл) и Илон Маск (Тесла / Спејс Икс) – се имигранти во Америка. Ова се два од безброј примери на имигранти кои слетале на американските брегови, желни да го започнат својот сон.

    А, кои се најбогатите Американци на сите времиња? Погледнете ја листата:

    #12: Ворен Бафет – 89 милијарди долари (1930 година – денес, Беркшир Хатавеј)

    #11: Фридрих Вејерхаузер – 80 милијарди американски долари (1834 – 1914 година, инвестиции во дрво и земја)

    # 10. А.Т Стјуарт – 90 милијарди долари (1803 – 1876, комерција)

    # 9: Стивен Гирард – 105 милијарди долари (1750 – 1831 година, банкар)

    # 8: Марк Цукерберг – 120 милијарди долари (1984 година – денес)

    # 7: Џон Јејкоб Астор- 121 милијарда долари (1763 – 1848 година, недвижнини во Њујорк)

    # 6: Бил Гејтс – 121,9 милијарди долари (1955 година – денес, Мајкрософт)

    # 5: Корнелиј Вандербилт – 185 милијарди американски долари (1794 – 1877 година, железнички пруги и бродови)

    # 4: Елон Маск – 183 милијарди долари (1971 година – денес, Тесла и Спејс Икс)

    # 3: Џеф Безос – 189,3 милијарди долари (1964 година – денес, основач на Амазон)

    # 2: Ендру Карнеги – 310 милијарди американски долари (1835 – 1919 година, американски челик)

    # 1: Џон Д. Рокфелер – 340 милијарди долари (1839 – 1937 година, „Стандард Оил“)

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично